Таа вели дека според последните истражувања, аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено, смета Софијанова.
„Последното нешто што го читав денеска, и кога го градев ставот за маската на отворено, кажува дека вирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа“, рече Софијанова, и додаде дека има исклучок од ова.
„Тука би ги исклучила планините, но во градско урбано место може да остане во воздухот, и вие не знаете кој поминал пред вас и не знаеме кој е носител на вирусот“, рече Софијанова.