Ова е првиот сингл од претстојниот, дванаесетти албум на овој кантавтор.
Видеото, во кое учествуваа уметници од Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија, предводени од режисерката со уметничкото име КУКЛА, е снимено во Порто Монтенегро, марина (пристаниште) и поморско одморалиште во Которскиот Залив, кое е под заштита на УНЕСКО, и првото One&Only одморалиште во Европа, за кое е најавено дека се отвара пролетта 2021 година.
-„ Ми “, најавува ново време, време во кое треба да бидеме „ Ми “ (ние) повеќе од кога било, затоа што само така можеме да ги надминеме тешкотиите со кои се соочуваме во животот, вели Дино Мерлин.