Бендот „Фанк Шуи“ промовираше нова песна.
„Ветер“ е насловот на новиот сингл, на кој самите членови на бендот се автори на музиката и текстот, а аранжманот е на Бен Милчев.
На фб за песната напишаа: Со надеж дека е свеж, Со надеж дека ќе го оддува загадувањето, Љубов, Чувајте се Шуи. Скопје виа Сарајево
Летово работеа на спотот, сниман е на неколку локации низ Македонија, а во него се појавуваат актерката Нина Елзесер, која ја гледавме во спотот за песната „Виулица“, како и кучето Беки, кое го гледаме и во спотот за „Крик“.