Откако македонската пејачка Тамара Тодевска пред камерите за естрадниот магазин Бекстејџ вети дека ќе ја истетовира химната, баш оној дел кој што го згреши, па така и стори.
Набрзо таа на својот Инстаграм профил ја покажа на јавноста тетоважата на која е истетовирана згрешената строфа од химната.
По стапките на Тамара тргна и македонскиот шоумен Игор Џамбазов. Имено тој на својот Инстаграм профил сподели фотографиија со својата најнова тетоважа преку која ја претставува неговата најголема грешка односно неговиот грев.