Славната Сара Џесика Паркер го исполни својата граѓанска должност и излезе на гласање на претседателските избори во САД, придружувана со сопругот Метју Бродерик и 18-годишниот син Џејмс Вилки.
Сите тројца дошле облечени во лежерна спортска облека и носеле налепници со натписот „гласав“.

Сепак, она што најмногу им го привлече вниманието на фотографите се чорапите што популарната актерка и нејзиниот наследник ги избрале за оваа пригода.
Имено, Сара во еден миг ги подигнала фармерките за да можат да се видат нејзините бели чорапи со два различни натписи: „Јас сум гласач“ и „Бајден-Харис“.
