Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска ја посети компанијата „Дура”, која во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик реализира три инвестициски проекти во нови производни капацитети.
Во придружба на извршниот директор на „Дура аутомотив”, Мајкл Бекет и директорот на фабриката во Скопје, Педро Коста, Битиќи изврши обиколка на сите три локации каде што се реализираат инвестициските проекти и, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази задоволство од динамиката на опремување и изградба на фабриките.
Оваа светски позната компанија од автомобилската индустрија инвестира во нашата држава и тоа во 3 инвестиции во ТИРЗ Скопје. До нивното конечно завршување, ќе инвестираат циклус од 100 милиони евра и до 2022 до 500 вработувања.