Според последните официјални податоци на државниот завод за статистика, вкупниот извоз од Република Северна Македонија во текот на месец септември 2020 е во износ од 586.646.732 евра, додека увозот е во износ од 673.308.074 евра. Покриеноста на увозот со извоз е со рекордни 87,13%, и очигледен е трендот на одржување на овој индикатор над 80% кој продолжува да се движи нагоре во втората половина од оваа 2020 година.
За целиот период од почетокот на годината до крајот на септември 2020, вредноста на извезените стоки и услуги од земјава е во износ од 4.056.540.000 евра, а увозот на стоки и услуги изнесува 5.339.475.000 евра, или покриеноста на увозот со извоз за периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 изнесува 75,97%.