За кого не важи мерката за забрана за групирање на јавен простор?

Владината мерка за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден и цела седмица, има одредени исклучоци и не важи:

➡️ За родители со деца од исто семејство;
➡️ При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување на деца;
➡️ При чекање на постојка за превоз на патници;
➡️ При професионални спортски тренинзи и натпревари;
➡️ При организирање и одржување службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;
➡️ При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;
➡️ За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;
➡️ При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата; и
➡️ За вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување согласно оваа Одлука.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s