Македонската фудбалска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата и за првпат ќе игра завршен турнир на Европско првенство. Во финалниот натпревар од Лига Д на Лигата на нации, попладнево во Тбилиси ја совлада Грузија со 0-1 (0-0) и со гол на легендарниот капитен Горан Пандев ја израдува нацијата.
По само десет минути во второто полувреме Елмас, Пандев и Адеми ја измешаа грузиската одбрана и капитенот го матира Лориа за предност од 0-1.