Фудбалска Македонија го слави Горан Пандев. Струмичанецот како што му доликува, беше херој на тврдото гостување во Тбилиси и го постигна единствениот гол во триумфот на Македонија над Грузија од 0-1.
Коментаторите на Македонската радио телевизија се погрижија фановите пред малите екрани да го почувствуваат амбиентот на празната „Динамо Арена“ и исто како и актерите на тренерот, бурно го поздравија последниот судиски свиреж. Тони Стојановски и Горан Стерјов „полудеа“ по завршувањето на мечот и со емотивна реакција го прославија триумфот.
Како коментаторите го проследија крајот на мечот: