Владимир Блажев познат како Панчо од ДНК на ногата го истетовира македонското знаме и презимињата на нашите репрезентативци во име на пласманот на Европското првенство.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи
Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.
Браво момци, херои наши“, напиша Панчо на својот Фејсбук профил.