Премиерот Заев во Берлин ја прими наградата за човекови права

На претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Берлин му беше врачена престижната награда за човекови права за 2020 година.

Како што соопшти прес-службата на Владата на Северна Македонија, на церемонијата организирана во негова чест од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“ говореа бројни европски политичари, а наградата му ја врачи министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас.

„Претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Курт Бек истакна дека тоа што премиерот Заев го направи за Северна Македонија и Европа е од исклучително значење, бидејќи вашиот придонес за човековите права, особено преку концептот „Едно општество за сите“, е придонес за вредностите на Европската Унија”, се вели во соопштението.

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, во својот поздравен говор со кој и ја додели наградата на премиерот Заев во своето обраќање на церемонијата истакна дека „Зоран Заев го донесе достоинството на демократијата во неговата земја како прв чекор кон Европа.”

„Мас потенцираше дека неговата земја, заедно со Северна Македонија ќе продолжи да работи и во наредните денови за да се постигне успех и да се одржи првата меѓувладина конференција, во времетраење на германското претседателство. Сојузниот министер за надворешни работи, Хајко Мас нагласи дека политиките на премиерот Зоран Заев влеваат надеж за многу нерешени конфликти на овој свет и дека наградата му ја врачува на еден реформатор, далекуглед политичар и пред се Европеец”, стои во сопштението.

На церемонијата беа презентирани повеќе видео обраќања со честитки и пораки за Зоран Заев.

„Премиерот Заев паричниот износ од наградата за човекови права ќе го донира во солидарниот здравствен фонд на Северна Македонија за борба со Ковид-19″, информираа од Владата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s