Познатиот кантавтор Борис Новковиќ го објави новиот сингл насловен „Динамит“, кој всушност е вториот сингл со кој го најавува новиот студиски албум.
Хрватскиот заводник сам ги напиша музиката и текстот, додека аранжманот го направи Хрвоје Прскало, а песната неодоливо потсетува на неговите стари хитови.
Звукот на поп рок, препознатливиот вокал на Борис и љубовната тематика се рецептот за успех на „Динамит“
За новата песна Борис Новковиќ сними и видео во друштво на атрактивната танчерка Валентин Валм, а за режијата и монтажата на спотот беше одговорен Раул Бржиќ.