Нашата позната пејачка Биба Додева, го промовираше новиот студиски албум насловен „Незаборавни“.
На албумот се наоѓаат преработки на 11 македонски евергрини и две бонус песни од последните два фестивала на кои што настапила.
Имено, станува збор за песната „Како некогаш“ од „Охрид-фест“ и „Птица“ со која настапи на „Макфест 2020“.
На проектот се работело повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот.
Останатите песни слушнете ги на линкот…