Светот се збогува со фудбалскиот уметник, душата на Аргентина и Неапол, идолот на многу генерации кои го сметаат за најдобар фудбалер на планетата на сите времиња. На 30 октомври наполни 60 години.
Најтажната вест за Марадона ја пренесуваат аргентинските весници Кларин и Оле, а причинaта за смртта е срцев удар.
Ноември беше тежок за него од почетокот на месецот со хоспитализацијата во приватниот санаториум во Ла Плата и потоа трансферот во клиниката Оливос каде се соочи со хируршка интервенција на главата. Успехот на операцијата беше делумно олеснување. Го чекаше тешко закрепнување. Не издржа неговото срце.
Четири амбулантни возила итно пристигнале до неговата куќа, но и покрај тоа што дошле брзо, веќе било доцна, пишува весникот Оле.


