Саше Политико …ГО КОЛНЕТЕ И ПЦУЕТЕ ЗАЕВ, САКАТЕ ДА БИДЕ ГОЛЕМ ПОПУЛИСТ КАКО ГРУЈО, ДА ГИ ПЦУЕ БУГАРИТЕ, АМА САКАТЕ И ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И ПЛАТИ ОД 1000е, И ЌЕ ГИ ИМАТЕ…

Заев е маченик, се жртвува за доброто на земјата, народот, граѓаните, идните генерации.

Сигурен сум дека денешните клетви, повици за убиство, пцовки го болат повеќе од тепањето на 27-ми април.

Тогаш го тепаше мафијата и режимот, сега нож во грб му става дел од народот, баш тој за кој тој се жртвува.

Многумина бараат од него да биде голем херој како Груевски, да ги отера Бугарите во мајчината, но сакаат и плати од 1000е и членство во ЕУ… Ако ги послушаше Заев за првото, потоа никад немаше да влеземе во ЕУ, сите да се отселаеа од земјава, Заев да владеше херојски неколку декади, народот да јадеше корења…

Но Заев е државник и визионер. Затоа тој се жртвуваше себеси, но за да се оствари она второто, членството во ЕУ, платире од 1000е, лагодниот и убав живот за сите.

И Заев на сите ќе ви прости, баш затоа што е голем државник а тоа може да биде голем човек со голема душа. Тој знае дека сите што врескаат, толку им сече, толку знаат, прости се, не се они криви.

Работата на големиот државник е да ги трпи пцовките, клетвите и критиките, него да му биде нелагодно а на народот да му биде арно.

Ќе бидеме и членка на ЕУ и ќе бидеме Македонци, можно е, затоа што имаме голем лидер, затоа е можно!

Пишува : Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Мактел”.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s