За првпат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо, нови вработувања и ко-оперантски односи. 🇲🇰🐥„Интернационал фреш фуд“ e инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми низ целата држава.
📈 Севкупно планираната инвестиција за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра и се очекува отворање на повеќе од 3.000 нови работни места во повеќе региони – Гиновци, Врапчиште, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе.
На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност да извезуваме на странските пазари.
Сопственото производство на храна е од голема важност за секоја држава. Кризата со пандемијата на коронавирусот го покажа тоа. Во таа насока се и заложбите на Владата во создавање на поповолни услови за земјоделско-сточарското производство.