Иако во моментот се уште нема конечна одлука од УЕФА за бројот на влезниците за натпреварите од ЕУРО 2020 бидејќи здравствената ситуација може да наложи и да нема присуство на гледачи на стадионите, доколку се игра со публика, ФФМ ќе им даде предност на медицинските лица за билетите кои ќе ги добие федерацијата. Ова денеска го најави претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини. –Затоа одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата биде под контрола, како резултат на натчовечките напори и заложби кои секојдневно ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонал). Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да не заштитат сите нас.