Вакциналните тимови во Македонија почнаа со подготовките за вакцинацијата против КОВИД која се очекува да започне во март

Вакциналните тимови во Македонија почнаа со подготовките за вакцинацијата против КОВИД која се очекува да започне во март. Здравствениот дом Скопје веќе набавува медицински фрижидери каде што ќе се чуваат вакцините, обезбедени се и специјални возила во кои може да се запази студениот синџир, а истовремено се скенира состојбата и во другите вакцинални пунктови во земјава.

„Депото на вакцините се наоѓа во поликлиниката `Бит Пазар`. Таму имаме огромен фрижидер каде што се чуваат и останатите вакцини, инсулини и други лекови кои треба да се чуваат на толкави температури. Имаме возило кое што би го запазило ладниот ланец, набавивме возило такво со ладење и веќе сме во постапка на нови 10 медицински фрижидери кои што треба до Нова Година да стигнат“ – вели д-р Виктор Исјановски – директор на Здравствен дом – Скопје.

Иако постапката за давање вакцина е стандардна, сепак со оглед на тоа што станува збор за нова вакцина, медицинскиот персонал во вакциналните пунктови ќе треба да помине и едукативен тренинг од страна на здравствените власти.

„Да, прво треба да се даде бројката и зависи каков тип на вакцина ќе дојде, дали треба или не треба да седи на собна температура, колку дена ќе биде апликацијата, колку што знам дека сите три вакцини ќе се даваат во две дози и колку што бев информиран апликацијата е на 21 или 28 дена за да се прими втората доза“ – рече Исјановски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s