Македонската Барби го најави својот следен хит со наслов „Доказ“

Пејачката Сања Цинцева – Барбика деновиве во јавноста ја претстави својата нова песна која што го носи името „Доказ“. Истата е на српски јазик и иако првично било планирано да се сними видео за неа, поради пандемијата со коронавирус, снимањето била приморана да го оддложи, па е изработено lyric видео.

Почитувани пријатели и обожаватели, со вас ја споделувам мојата нова песна „Доказ“. Оваа тема подолг период е готова, но чекав соодветен момент за да направиме добар спот. Поради Ковид ситуацијата не се направи добра прилика за добар спот, па затоа решив во ова лошо време да ја промовирам без видео се со цел да ве расположам и да ви ги отргнам мислите од негативни работи. Уживајте во песната и се надевам дека ќе ви се допадне. Ве сака Сања Барби и не заборавајте да се чувате и пазите, не чекаат одлични настапи и забави после вирусот!“, напиша Сања на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s