Во периодот од 21,30 па се до нешто пред полноќ траела акцијата за затворање на угоститлски објект полн со танчарки, гости и дрога. Полициските службеници заедно со државниот пазарен инспекторат во село Жеровјане изврши акциска контрола. Биле затекнати 40 гости а од од слобода бил лишен сопственикот на објектот 31 годишниот Х.А. кој е од тетовското село с.Боговиње.
Покрај ова во угостителскиот објект биле затекнати и десет девојки задолжени за забавата на гостите кои работеле како танчарки. Седум се од Србија, една од Бугарија и две девојки биле од Македонија.
Државната пазарна инспекција објектот го затворила а против сопственикот ќе бидат поднесени две кривични пријави- една за не постапување според здравствените препораки за време на епидемија и една за трговија со луѓе.