Познатата кантавторка Антонија Шола вели дека овој период, во време на пандемија, пишува и создава повеќе од кога било, и сериозно го подготвува својот нов албум, кој треба да излезе на пролет …
Животот и музиката не смеат да запрат, затоа таа постојано пишува за своите колеги и ужива во успешните соработки.
Само оваа година таа објави три сингла, од кои едниот е дует со пејачката на групата Вигор „Цијена праве љубави“ со која ја освоија наградата Цесарица за хит на февруари, летниот сингл „Поново“ за ЦМЦ фестивал и новата песна со интригантен наслов „Јавна тајна“, а која и овој пат ја потпишува со фронтменот на групата Љубавници, Марио Регељ.
Овој нов сингл, кој е подарок за публиката во пресрет на празниците, има интересен видео запис кој е снимен на прекрасна локација и ја покажува убавината на недопрената природа…