Деновиве е промовирана новата песна „Беше друга Македонија“ на прилепската група „Бен Хур“. Песната со носталгичен призвук зборува за времето пред 1990-тите години и за моралните, етички, културолошки и спортски вредности на тоа време. Музиката и текстот ги напиша Душко Темелкоски.
Аранжманот е на Борче Шабаноски, од чие студио излегува оваа продукција.
Песната се промовира со видео-запис, во кој се вклучени стари фотографии и кратки видео-инсерти за настани и личности од светот на музиката, спортот, театарот, филмот, кои се спомнати во текстот на песната.