Министерот за здравство д-р Венко Филипче и д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, денеска присуствуваа на настан по повод донација за поддршка на македонското јавно здравство во справувањето со КОВИД-19 вирусот. Станува збор за донација од две возила за Службата за итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за коронавирус од Комерцијална банка. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 336.600 евра.
Во изјава за медиумите, министерот Филипче се заблагодари за донацијата од Комерцијална банка и истакна дека оваа компанија беше една од првите компании кои му помогнаа на Министерството за здравство.