(ВИДЕО) Необјавената „Божиќна песна“ на Влатко Илиевски ќе ви го разгали срцето

Денеска на радио станиците низ Македонија премиерно е пуштена „Божиќна песна“, која досега не е објавена, а е во изведба на покојниот Влатко Илиевски и детскиот хор „Златно славејче“.
Се работи за стара детска песна, чија музика и аранжман се на Кире Костов, текстот на Љупчо Јакимовски, а новата верзија е снимена во студиото „Торус“ на Александар Митевски.

Нашата музичка ѕвезда, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои, за жал, не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа.

Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот Јутјуб канал, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s