Македонскиот хип-хоп изведувач Владимир Блажев познат како Панчо од групата „ДНК“ на својот Фејсбук профил сподели видео на кое можеме да видиме дека прави пици, а во описот на видеото всушност Панчо соопштува дека се вработил како пица мајстор.
„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи .
Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели.
За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач 😊
Се гледаме во DKitchen“, напиша Панчо.