Сексуални работнички со танц на излозите го “запалија” Скопје

Со еротски танц под црвено светло пет сексуални работнички вечерва од излозите над влезот на Универзална сала во Скопје го одбележаа 17 Декември, Меѓународниот ден против насилство врз сексуалните работници, кој изминативе 13 години се одбележуваше со „Марш на црвени чадори“.

И покрај пандемијата и студот, платото пред Унивeрзална се наполни со публика, која гласно реагира на движењата на девојките во излозите. Меѓу насобраните имаше и такви што на колена застануваа пред девојките, им испраќаа бакнежи, го имитираа нивниот танц од платото и правеа селфи.

„’Танцот во излози’ или ‘Скопје ред лајт дистрикт’ се одржува вторпат, првиот беше во 2017 година. Се враќаме по три години во пооригинално светло. Ова е уметнички перформанс, кој има цел да ги отсликаат шармот и духот на улицата на црвените фенери во Амсtердам. Со овој уметнички перформанс се бориме да покажеме дека и сексуалната работа е работа, сексуалните рабoтници се работници и треба да бидат прифатени како такви“, вели Борче Манев-Божинов од „Стар стар“.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s