ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА ДЕНЕСКА ВО ПОСЕТА ВО ПУСТЕЦ, АЛБАНИЈА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со своите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски го посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше потврдена донацијата која премиерот Заев ја обезбеди преку македонски компании за поддршка на инфраструктурното уредување на училишниот двор и дворот на градинката. Денеска беа реализирани 15.000 евра од вкупно 30.000 колку што е донацијата. Останатите средства ќе се донираат во февруари 2021 година.

Правиме чекори кон создавање подобри услови за изучување на македонскиот јазик во средините во кои живее македонско население во Албанија. Дониравме книги од кодификаторот на современиот македонски јазик, Блаже Конески, како и учебници за дополнување на наставата во заедничкото основно и средно училиште во Пустец.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s