Премиерот Заев и министерката Шахпаска ја отворија новата градинка “Јаболче” во Ресен

Заев …Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата. 👧🙌👦 Продолжуваме да ги зголемува капацитетите на градинките во целата држава и да вложува во развојот на децата уште од најрана возраст.Заедно со министерката Шахпаска и градоначалникот Гошаревски, ја отворивме новата градинка „Јаболче“ во Ресен. Градинката е пример за концептот „Едно општество за сите“, затоа што тука заедно ќе бидат згрижени деца од македонска, албанска и турска етничка заедница. Градинката е изградена според европски и светски стандарди, онакви во какви што нашите деца треба да растат, да се развиваат и да учат.Во периодот од 2017 до 2020 година отворивме и проширивме капацитети на 63 објекти низ целата држава, со што обезбедивме згрижување на 3.386 деца. Само во последните три месеци, отворени се 5 нови градинки во Гостивар, Сарај, Илинден, Лозово, Брвеница, еве денеска и Ресен, со што е зголемен опфатот за 415 места. До крајот на годината ќе се отворат и градинките во Куманово, Боговиње, Босилово и с. Прдејци – Гевгелија со што ќе се зголеми капацитетот за уште 189 деца.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s