Почна судскиот процес „Друмарина“ против екс пратеничката Силвана Бонева

Поранешната пратенилчка Силвана Бонева седна на обвинителна клупа за предметот „Друмарина“. 

Со 7000 докази поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева ќе докажува дека не давала лажни фискални сметки од патарини и дека не е рекордер по патни трошоци. Таа денеска седна на обвинителна клупа за случајот “Друмарина”, во кој е обвинета за измама во службата, односно дека прикажувала фискални сметки од други лица наместо нејзини и со нив наплаќала патни трошоци во периодот од 2011 до 2015 година додека беше пратеничка. Бонева и по денешното прво рочиште кажа дека ќе продолжи да ја бара правдата и да ја докаже вистината.

-Со приложените 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажам пред судот и пред јавноста дека обвинението против мене е невистинито и паушално исто како и големите лаги дека сум рекордер во земањето патни трошоци, како и големите лаги дека сум купила станови со криминални пари, рече Бонева.

Случајот го отвори згаснатото СЈО, а сега го води Скопското јавно обвинителство.

Според адвокатката на Бонева, иронија е тоа што поранешното СЈО изготвило обвинение за додатоци на плата.

Според обвинението пратеничката во Собранието приложила 904 фискални сметки кои наводно ги зела одејќи на релација од својот дом во Струмица до Скопје а за тоа и и биле исплатени над 100.000 евра.

Обвинителството тврди дека има докази оти Бонева имала сместување во главниот град и дека нејзиното возило поминало 100 илјади километри помалку отколку што требало да има изминато ако навистина патувала секој работен ден.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s