Младата македонска поп пејачка Антониа Гиговска неодамна пред своите фанови и следбеници на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека успеала да ослаби дури 16 гилограми за два месеци.
Резултатот е навистина впечатлив, Антониа сега изгледа посекси, а веројатно се чувствува и посамоуверено.

Дека тоа е навистина така покажуваат и нејзините најнови фотографии кои често осамнуваат на нејзиниот профил.
Антониа и пред намалувањето на килограмите не се штедеше да ги покаже своите облини, но сега тоа го прави на еден пософистициран начин од кој зрачи со сексапил.