Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да одговори зошто надворешната политика на Северна Македонија не е усогласена со онаа на ЕУ во однос на санкциите кон Русија.
Од партијата изнесоа податок дека од кога Зоран Заев станал премиер, Советот на ЕУ донел 21 одлука за продолжување и проширување на санкциите против Русија, но владата исто толку пати одбила да воведе санкции против Русија.