АРМ се подмлади со 200 професионални војници

Сите за еден еден за сите. Ова е мотото на двестате нови профисионални војници во АРМ кои денеска и официјално го имаа првиот работен ден во Армијата. Во строј, на пистата во касарната Илинден, му салутираа на началникот на генералштабот Васил Ѓурчиновски а договорите за вработување ги добија од министерката Шеќеринска. По неколку месечни ригорозни селекции и обука тие беа најдобри од првичните 1.800 кандидати кои се пријавија на конкурсот.

Добредојде им посака токму министерката Шеќеринска, која истакна дека Армијата добива млади квалитетни и посветени луѓе кои ќе бидат вистински професионалци и ќе имаат можност за развој кариера и финансиска стабилност.

Квалитетна обука и тренинг, подобра инфраструктура, центри како Криволак. Армијата постојано се модернизира и се развива а процесот на вложување во кадар резултира со повисоки плати и подобри услови за работа, смета министрката Шеќеринска а потврда е интересот за конкурсите како овој каде за едно место се борат и до 10 кандидати за разлика од минатотот кога едвај се исполнувала бараната бројка.

Таа истакна дека 2020 година и покрај корона кризата беше исклучително успешна година за обдраната и Армијата, прва како членка на НАТО алијансата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s