Постигнат е договор со „Фајзер“: Првите вакцини Македонија ќе ги добие во февруари

Министерот за здравство, Венко Филипче предмалку информираше дека е постигнат договор со компанијата „Фајзер“ и земјава во февруари ќе ги добие првите вакцини против коронавирус.

Како што појаснија од Министерството за здравство, првите дози на вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во Македонија во текот на февруари идната година, а следните дози од вакцината ќе пристигнат во текот на март и април.

„ Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината. Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата“, напиша на „Фејсбук“ министерот за здравство, Венко Филипче.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s