Бејби бум во Битола на првиот ден од 2021-ва година

Вистински бејби бум се случи на првиот ден од Новата 2021 година во Битола. Вчера  се родија вкупно 10 бебиња, од кои 8 на гинеколошкото одделение во Клиничката болница во Битола, а 2 во приватната болница Плодност.

Од нив 6 се машки и 4 девојчиња. Првото новороденче  во Новата година дојде на свет една минута после полноќ во битолската болница,  а потоа во текот на денот следеа и другите породувања.

-За време на новогодишната ноќ имавме 8 новородени, правилно ги поделивме, 4 момчиња и 4 девојчиња. Првото раѓање беше веднаш после полноќ, на свет ни дојде Методиј, здравко машко момченце, по пат на царски рез, итен царски рез. Потоа доаѓаа и други раѓања. Беше уморно но тоа е сладок умор, кој причинува задоволство кај цела екипа, рече  др. Михајло Вангелов, гинеколог Клиничка болница Битола.

Од Битолската болница велат дека со години не паметат  толкав  број на породувања во еден ден

-Многу ретко, можеби пред 20 години се случувало. Но новогодишните ноќи биле секогаш мирни, но овој пат позитивно се изненадивме и се помина во најдобар ред и за мајките и за бебињата и за нас персоналот, рече др. Михајло Вангелов, гинеколог во клиничката болница Битола.

Во 2020 година,  за  време на најтешката пандемија, во Битола зголемен е бројот на новореднчиња.

-Во оваа година што ја оставивме зад нас, сепак имаше многу нови раѓања, а Клиничка болница забележува пораст на раѓањата во однос на изминатата 2019 година, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Зголемениот број на новороденчиња лани и на првиот ден од Новата година, сепак будат надеж за Битола, која  со години е лидер во државата по негативен природен прираст, односно  бројот на починати е далеку поголем од бројот на новородени деца.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s