ЗА ВИДЕОТО НА ТИКТОК СО ДЕТЕ КАКО ПУКА СО ПИШТОЛ ПРИВЕДЕН 39-ГОДИШНИК ОД БОГОВИЊЕ

39-годишниот А.Џ. од тетовското село Боговиње е приведен поради основано сомнение дека на социјалната мрежа ТикТок објавил видео во кое се гледа како малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека во врска со видеото, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност веднаш презел мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето и како резултат на тоа, денеска во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ. (39).

„Тој е задржан во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за ‘недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР, додавајќи дека за настанот е информиран и Центарот за социјална работа, кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s