Шеќеринска – 2021 ќе биде година на интензивна секојдневна обука на Лесниот пешадиски баталјон, дел од НАТО декларираната Лесна пешадиска баталјонска група. Во касарната во Штип се уверив дека се решителни да се претстават во најдобро светло на оценувањето од НАТО во 2022. Се што вложивме во оваа единица досега, се што ќе вложиме годинава, ќе се оценува во 2022. Создаваме единица која гордо ќе го носи македонското знаме, но и значката на НАТО!