Вработени во Уни Банка го прифатија предизвикот и заиграа во ритамот на светски популарниот хит Jerusalema. Дваесет и тројца банкари и банкарки од експозитурата на плоштадот „Македонија“ во Скопје на 20 декември ја изведоа кореографијата на танцот и тоа одлично.
– Дали го погледнавте нашето ново видео? – Дваесет и тројца колеги танцуваат на познатиот светски предизвик JerusalemaChallenge пред експозитурата на плоштад „Македонија“. Минатата година ќе остане запаметена по различни работи за секој од нас. Година која нè натера да сфатиме што е навистина важно, стои во пост на Банката на Фејсбук.