Полицијата го уапси четириесет и петгодишниот жител на Вевчани кој се закануваше со убиство на премиерот Зоран Заев и на Претседателот Стево Пендаровски.
Видео со вознемирувачка содржина од лице кое упатува навреди и закани кон високи претставници на македонскиот врв осамна на социјалните мрежи. На видеото одредено лице кое се претставува како господин Поповски во алкохолизирана состојба јавно се заканува со убиствo на премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и на останати високи владини претставници.
Откако видеото наиде на бурни реакции од страна на јавноста експресно интервенираше и полицијата. Од МВР утринава соопштија дека лицето е пронајдено и приведено за ширење на расистички материјал и за загрозување на сигурноста.