Повеќе стотици симпатизери и поддржувачи на Доналд Трамп, кој изгуби на последните избори во САД, упаднаа во зградата на Капитол Хил во Вашингтон. Сенаторите и конгресмените од двата дома на законодавното тело во САД треба да ја официјализираат победата на новиот претседател Џо Бајден, но насобраните демонстранти подржани од Трамп и неговите блиски соработници протестираат пред Капитол.
Во еден момент, голема група од приврзаниците на Трамп успеа да ги пробие блокадите од полициските сили кои го обезбедуваа Претставничкиот дом и да се пробијат преку 4 реда блокади.
Стотици од нив потоа влегоа и во Конгресот, по што беше прекината и работата на конгресмените кои имаат за задача да ги официјализираат изборните резултати, кои Трамп не ги признава и обвинува за масовна изборна измама.
Полицијата во Вашингтон застрелала една од демонстрантите пред зградата на американскиот Конгрес.
Таа облеана во крв била изнесена на носилки, соопштија американските медиуми.






