ВМРО-ДПМНЕ никогаш формално немала став за протестите што кулминираа со упадот во Собранието, ниту некогаш официјално за тоа разгоаврала на седница на Извршниот комитет, иако дел од членовите индивидуално присуствувале и давале поддршка на протестите.
Ова меѓудругото го кажа екс-минстерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешеното сведочење за 27 април, на кое беше спроведена од затворот Идризово, каде што издржува катвроска казна за наванката на блиндираниот мерцедес.
Таа, тогаш рече немала државна фунција а критичниот ден била во партијата, како член на раководството.. Неколку пати таму се сретнала и со Миле Јанакиески, еден од обвинетите во овој предмет, но не насетила дека нешто се поготвува.