Пред нешто повеќе од деценија македонскиот пејач на народна музика, Зоран Ванев, ги воодушеви сите кога се појави на големата сцена на „Гранд“, но потоа со светлосна брзина и се изгуби од сцената. Неговите песни беа голем хит во целиот регион, а песните како „Јужна пруга“, „Лила“ и „Моника“ се уште важат за едни од најголемите фолк хитови.
Но тој во еден момент ќе одлучи да го остави микрофонот и ќе замине во Швајцарија, и покрај тоа што беше еден од ретките наши пејачи кој имаше своја публика и во Србија. Кариерата ја започна во 90-тите години од минатиот век, со неговата прва песна Ангела која беше и се уште е голем хит во Македонија.

Штипскиот пејач откако замина во Швајцарија работи како доктор за природна медицина, а како што самиот изјави во една пригода, воопшто не жали што микрофонот го заменил со белиот докторски мантил затоа што отсекогаш сакал и имал голема желба да им помага на луѓето.
Во Швајцарија каде што сега живее со неговото семејство, со сопругата и двајцата синови, тој има клиника каде го посетуваат луѓе од целиот свет…