(ВИДЕО) Го имаме хитот на годината – Оваа песна руши рекорди по слушаност!

Иако сме само на средината на јануари, песната ,,Возачка дозвола” многумина веќе ја нарекуваат хит на 2021 година.

Тоа е деби хит на 17-годишната ѕвезда на Дизни, Оливија Родриго, која веќе ги опустоши музичките топ листи, како и социјалните мрежи.

Ролинг Стоун пред неколку дена ја нарече „песна што треба да ја знаете“.

Носталгичната песна придружена со пијано полека се гради како приказна за тоа како 17-годишната девојка конечно ја добила возачката дозвола. Но, важната пригода е нарушена со скршено срце: таа требало да го прослави успехот со своето поранешно момче кое ја оставило поради „постара русокоса“.

Така, Родриго вози низ предградијата, скршена и лута, прашувајќи се дали некое од чувствата било некогаш реално. Песната е еден вид омаж на многу попознатата од Тејлор Свифт и нејзиниот албум Бестрашна. Свифт, исто така, ја сподели песната со своите следбеници, со што придонесе за овој музички „бум“.
Drivers License излезе пред една недела и досега има 26 милиони прегледи на ЈуТјуб.

Само три дена по објавувањето, песната го сруши рекордот на Spotify, со што стана песна (што не е со празнична тема) со најмногу слушања за еден ден. Станува збор за околу 15 милиони преслушувања. Еден ден подоцна песната го сруши сопствениот рекорд, со запишани 17 милиони слушања на ден.

„Не можеме да го споредиме ова со ништо досега“,објавија од Spotify за тој успех. “Спотифај никогаш не видел понов уметник толку доминантен од самиот почеток и само да расте. Тоа е невидено”, изјавија од компанијата за Билборд.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s