Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев вели дека по сила на Уставот е должен да не ги прими попишувачите дома во време на епидемија.
Тој додава дека можеби ќе го оспори законското решение пред Уставниот суд.
„Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“! Значи, јас – по сила на Устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус “, пишува Апасиев.
Конечно е изгласан Законот за попис. Со 62 гласа „за“, и со бадентерово мнозинство Собранието го донесе Законот за попис. Ова се случува по една недела откако заврши расправата за ова законско решение.
