Филипче “Со парите за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила за Итната помош во Скопје. Се заблагодарувам на градоначалникот Висар Ганиу за високата општествена одговорност и свесноста во работењето. Ова е значајна донација, во еден сериозен сегмент во целокупниот здравствен систем, кој во континуитет го надградуваме. Возниот парк повеќе од 3/4 целосно го обновивме, со набавката од Министерството за здравство и од донациите кои пристигнаа во изминатиот период.”



