Иван Тричковски постигна хет-трик во победата на АЕК Ларнака од 3-1 против Ермис и дојде до бројката од 100 голови во кипарското првенство.
Ермис поведе уште во 19. минута од мечот, но потоа на сцена стапи Тричковски, за само шест минути иод 23 до 29. минута со два гола направи комплетен пресврт, а победата ја запечати пред крајот на првиот дел од пенал за негов хет-трик. Неговиот втор гол беше и голем јубилеј за него, вкупно 100 погодок во кипарското првенство. Од тие 100, осум гола се за Енозис, 17 гола се за АПОЕЛ, а дури 75 за АЕК. Покрај Тричковски денеска за АЕК Ларнака цел меч одигра и Даниел Мојсов, а Спировски во игра влезе во 67. минута од мечот.