Македонски граѓани го пробија системот за вакцинација и одат да се вакцинираат против Ковид во соседна Србија. Покрај лекари кои примиле вакцина таму и обични граѓани успеваат да аплицираат преку порталот Е-Управа на Институтот за јавно здравје„ Др. Милан Јовановиќ Батут“.
24 ТВ преку свој вработен аплицираше за вакцина во Врање и по неколку обиди успешно помина на прашалникот и за кратко време барањето му е одбрено.
„Ве известуваме дека покажавте дека успешно покажавте интерес за вакцинација против Ковид-19“, се вели во одговорот од порталот Е-Управа кој стигна за кратко време.
Од Институтот за јавно здравје го известија дека ќе добие СМС порака за терминот за вакцинација.
Вчера пак, вакцина против Ковид прими Голубинка Бошевска микробиолог и началник на лабораторија за вирусологија во Институот за јавно здравје, која сега работи во СЗО во делот за лабораториите во регионот.