Сузбиена група што издавала возачки дозволи за пари, кривична пријава за осум вработени во МВР

Приведен е еден вработен во МВР, а уште други седум вработени заработија кривична пријава затоа што „штанцале“ возачки дозволи за пари, без положен испит. Кривична пријава има и за 28 граѓани што си купиле возачка без да положат. Денеска имало претреси во домовите на инволвираните, но и во Одделението за управни работи во Скопје, каде се издаваат возачките дозволи.

Полицајците се суспендирани од работа и сега кривично ќе одговараат, а купувачите на дозвола ем ќе останат без дозвола ам ќе одговараат на суд. Акцијата доаѓа само два дена по акцијата на МВР за ловење на неплаќачите на патарина, каде исто така паднаа шест полицајци.

Очигледно, МВР и министерот Спасовски веќе на дело ја спроведуваат најавената пресметка со корумпираните.

ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТЕНИЕ ОД МВР – Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осуммина вработени во МВР поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, „несовесно работење во службата“ по чл. 353 и „фалсификување на службена исправа“ по чл. 361 од Кривичниот законик, како и против 28 граѓани поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела.  Пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила. По наредба на судија на претходна постапка, извршени се претреси во службените простории на Одделението за управни работии во домот на еден од осомничените, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, од каде ќе биде изведен пред надлежен судија од Основниот кривичен суд. Обезбедените материјални докази ќе бидат предадени на јавен обвинител за понатамошна постапка. Осомничените службени лица се суспендирани од работните места и против нив ќе бидат поведени дисциплински постапки.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s