Набавката ќе оди во директен договор помеѓу кинеската компанија и министерствтото за здравство, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Цената на вакцините засега е во тајност, според договорите се производителите.
Вчера, од министерството потврдија дека во март ќе пристигнат и вакцините преку ковакс механизмот. Предвидено е до средината на годинава да бидат дистрибуирани помеѓу 100 и 175 илјади дози од британско-шведската компанија. Македонија преку Ковакс механизмот ќе ја добие вакцината на Астра Зенека. Засега се уште продолжуваат и контактите со „Фајзер“, со претставништвата во Белград и во Романија, од каде што сѐ уште се чекаат документите за да се дозволи Србија да ги извезе кај нас.