Шоуто за полувремето на „Super Bowl“ традиционално како и секоја година се основа на голем музички спектакл.
За прв пат во 55-годишната историја на играта настапи пејач од Канада. Овојпат „The Weeknd“ ја имаше честа да настапи на полувремето и тој во голема мера беше принуден да настапи од трибините, наместо од теренот, во согласност со строгите протоколи предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
„The Weeknd“ имаше 14 минутен настап на полупразниот стадион кој го искористи максимално играјќи и пеејќи со својот маскиран хор.
Пејачот вети „кинематско искуство“, и навистина, смело, а на моменти со помали технички проблеми со микрофонот, пејачот демонстираше импресивен вокал и издржливост пеејќи ги своите најголеми хитови.
Многумина велат дека перформансот на пејачот не ги исполни очекувањата и дека не беше успешен како настапите од минатите години, иако „The Weeknd“ вложил дури 7 милиони американски долари од сопствениот буџет во целиот настап.